Петок е денот кога Зеленски и Украина би добиле зелено светло за она што силно го посакуваат

од Симе Стоиков

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска најави дека во петок ќе се одржи состанок на Советот Украина-НАТО во врска со снабдувањето со повеќе системи за противвоздушна одбрана на Украина.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски вчера најави дека ќе побара свикување на Советот, поради недостиг на муниција на земјата во војната со Русија, пренесува Ројтерс.

На почетокот на април, Столтенберг ги поздрави членките на алијансата кои доставуваат помош за Украина, но предупреди и дека на Европа и се заканува војна „од размери што мислевме дека останале во историјата“.

Украинските власти веќе со месеци бараат дополнителна муниција од западните земји, особено системи за противвоздушна одбрана, за одбрана од Русија, а Зеленски денеска изјави дека смртта на 10 лица и повредата на 20 немало да се случи во денешниот напад на Русија на Чернигов, „доколку одлучноста на светот да се бори против рускиот терор била доволна“

Слични содржини