„Сега крадецот вика, дрш те го крадецот. Мицкоски излезе со наведната глава по средбата со Ескобар, каде што беше викнат на пеење и му беше објаснето што се целите на Америкнаците. Го викнаа таму на пеење, после пеењето престана да зборува. Јасно му е дека мора да учествува во промената на Уставот и сега Грујо е крив“ рече Филип Петровски во „Само вистина“ на Канал 5.
Тој додаде дека Мицкоски се скара со Груевски со цел да обезбеди покритие за гласањето на Уставните измени, иако поранешниот премиер ги повикал пратениците да не гласаат за промена на уставот.
„Мицкоски се скара со сите по ред. Ова сега е врвот на конфликтите и начинот на кој делува преку лажни наративи и свртување на внимание. Се скара со Данела, се скара со Мечка и Инфомакс, кои беа најголеми медиумски поддржувачи, за мене имаше и физички напад нарачано, се скара со цела опозиција“ рече Петровски.
Петровски додаде дека пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се послушни, бидејќи како што рече, во султан партии султанот поставува луѓе.
„Имате пратенички плати до пет илјади евра месечно сосе трошоци за тотални анонимуси. Пола од нив не знаете како се викаат, тие икони му држат дома. Луѓе кои немаат вода во очи и јас не би ги ставил ни во месна заедница, сега се пратеници и со четиригодишен мандат обезбедуваат како минимална плата за цел животен век“ рече Петровски.