Петти ден се трага по телото на малата Данка – осомничениот не кажува каде го сокрил

од Сенада Ибраимова
463 прегледи

Петти ден се трага по телото на девојчето Данка Илиќ (2), а полицијата врши увид на повеќе локации околу Бор. Вчера во утринските часови беше претресен Кањонот Лазарев и пештерата Лазарев, како и просторот покрај Злотска река.

Претходните денови детално беа прегледани дворовите на соседите и околните бунари.

На двајца осомничени за убиство на двегодишното дете им е одредена мерка притвор до 30 дена.

Двајца 50-годишни мажи од Бор се уапсени по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации. Уапсени се и братот и таткото на еден од осомничените под сомнение дека помагале да се сокрие телото.

Тие се товарат за кривично дело – тешко убиство во соизвршителство. Еден од нив Д.Д.(40) од Бор, кој во саботата добил притвор до 48 часа, починал ноќта меѓу саботата и неделата во Полициското одделение во Бор, соопшти МВР.

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Жељко Бркиќ изјави дека повеќе од 1.500 полицајци во соработка со над 1.000 граѓани од различни служби придонесуваат за пронаоѓање на убиената Данка Илиќ.

– Тешко е да се дознаат причините поради кои не сака да соработува. Но, кај него се гледа толкав недостиг на емпатија и непромисленост, осомничениот и сега кога е соочен со вистината не сака да каже каде го сокрил телото на Данка Илиќ. Тоа дете има право на достоинствен погреб, за да можат родителите да му посветат гробно место. Тие се лишени од секакво човечко чувство, вели Бркиќ за ТВ Пинк.

Бркиќ најави дека досега се собрани доволно докази врз основа на кои може да се подигне обвинението и додава дека надлежните органи ќе можат да донесат соодветна пресуда.

Слични содржини