Пица ролат

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 500 гр кора

– 4 јајца

– 2 дл јогурт

– 200 гр гриз

– 2 дл масло

– кесичка прашок за пециво

– 300 гр шунка

– 300 гр кашкавал

– кечап

– оригано

– сусам за посипување

Подготовка:

Јајцата се матат, се додава јогуртот, гризот, маслото и прашокот за пециво. Половина од смесата премачкајте ја на четири кори една врз друга, а на петтата премачкајте со кечап, изрендајте половина од кашкавалот, половина од шунката и малку оригано.

Завиткајте во ролат. На ист начин направете го и вториот ролат, само што тенко ќе ја премачкате петтата кора со смесата со јајца и изрендајте го остатокот од кашкавалот и шунката.

Намачкајте го врвот на ролатите со лажица масло и малку од смесата со јајца. Посипете со сусам и печете половина час на 220 степени.

Слични содржини