Пица за заљубени

од Radmila Tasevska
165 прегледи

Направете пица во форма на срце за вашата сакана.

Компоненти:

(за 4 лица)

– 275 гр свежо лиснато тесто

– 300 гр чери домати

– феферони

– 2 лажици маслиново масло

– 1 чешне лук

– 1/2 лажичка сол

– 1 лажица сечкан магдонос

– 150 гр мини моцарела

– 1 лажица босилек

Подготовка:

Расукајте го тестото со големина на поголема тава, па исечете го во форма на срце.

Врз тестото премачкајте ги фефероните и доматите исечени на прстени и ставете ја во рерна загреана на 200 степени да се пече околу 15 минути.

Во меѓувреме измешајте маслиново масло со издробениот лук, солта и магдоносот.

Моцарелата пресечете ја на половина.

Кога ќе ја извадите пицата од рерна, веднаш намачкајте ја со подготвеното маслиново масло и премачкајте ја со моцарелата.

Вратете се во рерна и печете уште 10 минути.

Посипете ја пицата со босилек и послужете.

Пријатно!

Слични содржини