Пике конечно проговори за Шакира: Го спомна нејзиното име за прв пат по раскинувањето

од Radmila Tasevska
566 прегледи

Фудбалерот Жерар Пике се најде во центарот на вниманието на медиумите откако ја раскина својата дванаесетгодишна врска со пејачката Шакира.

Двајцата за време на врската ги добија синовите Милан и Саша, а како главна причина за раскинувањето се споменуваше неверството на фудбалерот. Пике набрзо почна да се појавува со својата нова девојка Клара Чиа Марти, што само го зголеми интересот на јавноста за неговиот приватен живот.

Меѓутоа, сега тој за прв пат го спомна името на својата поранешна партнерка во интервју за тиктокер Џон Нелис.

Имено, Нелис го прашал Пике кој е најпознат меѓу неговите телефонски контакти.

„Би рекол … Шакира која ми беше партнерка“, одговорил фудбалерот, пренесува „Марка“.