40
Летот на „Изиџет“ од Хургада, Египет до Манчестер, Англија, морал принудно да слета во грчкиот главен град Атина, откако пилотот се онесвестил во текот на летот, објави „Дејли Мејл“.
Неименуван патник за британскиот весник изјавил дека екипажот ги прашал патниците дали некој од нив се медицински работници и ги информирал дека авионот ќе изврши итно слетување.
„Почнавме да паничиме, мислејќи дека е крајот. Еден од патниците имаше напад на паника , па му ставија маска за кислород“, рече патникот.
„Изиџет“ го потврди инцидентот, и рече дека копилотот безбедно го слетал авионот во Атина.
По безбедно слетување, екипажот и патниците биле пречекани од голем број протипожарни, полициски и амбулантни возила.