Пиоли е пред отказ доколку не ја освои Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Стефано Пиоли е близу до отказ во Милано. Италијанските медиуми пишуваат дека Пиоли сигурно ќе добие отказ доколку не избори место во Лигата на шампионите следната сезона.

Ситуацијата е многу тешка за „росонерите“ затоа што имаат тежок распоред, и ист број на бодови како Наполи и Јувентус, a две места се резервирани за елитното натпреварување.

Наводно, Милан веќе избра наследник. Како што пишува „Газета дело Спорт“, во прашање е хрватскиот селектор Иван Јуриќ.

Тој успешно ја предводи Верона, која во моментов е на 10-тото место во Серија А. Една од опциите е и Масимилијано Алегри.

Слични содржини