Пиоли откри како Ибра ги инспирирал своите соиграчи по пресвртот против Верона

од Vladimir Zorba

Милан е на само 4 бода до титулата во Серија „А“. Гигантот од Милано со пресврт оствари многу вредна победа над Верона (3:1). Во минатото „росонерите“ двапати го пропуштаа скудетото поради погрешни чекори во градот на Ромео и Јулија, но синоќа покажаа карактер, а селекторот Стефано Пиоли ги сподели зборовите со кои Златан Ибрахимовиќ ги бодреше соиграчите пред првиот судиски сигнал.

„Ибра кажа нешто прекрасно: „Сите се сеќаваат на играчите на Милан кои ја освоија титулата или Лигата на шампионите. Ако сакаме да бидеме запаметени, имаме уште три натпревари“, изјави Пиоли.

„Ги сакам моите играчи бидејќи гледам колку труд вложуваат секој ден. Среќни сме со победата, но знаеме дека следниот натпревар нема да биде полесен. Не поведовме во првите 25 минути, но тоа не не направи нервозни бидејќи чувствувавме дека играме добро. Ние веруваме во себе, што многу ни помага“.

„Тонали е млад, но многу силен. На вториот ден од тренингот реков дека тој е сосема поинаков играч во однос на минатата сезона. Многу од момчињата се млади и се уште стекнуваат искуство на највисоко ниво. Одлично ни оди, но се уште ништо не сме постигнале. Пред некое време Тонали ми кажа дека и покрај споредбите со Андреа Пирло, стилот повеќе му наликува на оној на Џенаро Гатузо. Ако додадеме нешто од играта на Даниеле де Роси, Сандро ќе биде комплетен играч“, прокоментира Пиоли.

„Овој Милан се роди по понижувачкиот пораз од Аталанта со 5-0. Тогаш сфативме во која насока треба да се развиваме. Тоа беше еден од најужасните моменти во мојата кариера, но и еден од најскапоцените. Аталанта игра на сличен начин со Верона и важно е да успееме да ги неутрализираме нивните сили“, додаде тренерот на Милан.

Слични содржини