Писториус: Неприфатливо е Германија да се споредува со авторитарен режим

од Milan1
58 прегледи

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска ги отфрли како неприфатливи критиките на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

„Американскиот потпретседател едноставно ја доведува во прашање не само демократијата на Германија, туку и демократијата на Европа како целина“, рече Писториус на конференцијата за безбедност во Минхен, пренесе „Ројтерс“.

Венс претходно на конференцијата рече дека не треба да има „огнен ѕид“ што ја исклучува политичката соработка со европските партии во врска со загриженоста на гласачите за имиграцијата, пренесува Танјуг.