Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Германија мора да биде подготвена да се спротивстави на сите хибридни напади од Русија, кои вклучуваат кампањи на социјалните мрежи дизајнирани да им помогнат на екстремните десничарски и популистички партии, јави „ДПА“.
„Путин е вклучен во хибридни напади и особено Германија е во фокусот“, изјави Писториус за весниците од медиумската група „Функе“ (Funke Mediengruppe) во изјава објавена денеска.
-Тој добро нè познава, Путин знае да не прободе, додаде министерот за одбрана, кој е социјалдемократ.
„Со игнорирање на оваа закана бидејќи нè прави да се чувствуваме непријатно, нема да ја направиме помала, туку поголема“, е оценката на Писториус.
Писториус посочи дека нападите ќе влијаат на германската инфраструктура, снабдувањето со енергија, активностите во Северното и Балтичкото Море и ќе предизвикаат нарушување на воздушниот простор.
-Дел од стратегијата на Путин е да го наруши и подели нашето општество, смета министерот. Мораме да направиме сè што можеме за да ја спречиме стратегијата на Путин да успее, вели тој.