Писториус: Западот мора да ги засили санкциите против Русија и воената поддршка за Украина

од Milan1
29 прегледи

Западот мора да ги зголеми санкциите против Русија, како и воената поддршка за Украина, откако Русија не се согласи на моментален прекин на огнот во понеделник, изјави денес германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

„Потребни се понатамошни чекори во однос на санкциите, како и дополнителна поддршка за Украина, бидејќи (рускиот претседател Владимир) Путин, како што се очекуваше, се однесува како и обично во таква ситуација“, изјави Писториус пред новинарите во Берлин, според Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул.

Украинскиот лидер се согласи на разговори во Турција на 15 мај, но само лично со Путин.

Слични содржини