Плаќале по 800 илјади евра за лажно виски

од Milan1
17,3K прегледи

Вискито отсекогаш се сметало за луксузен пијалок на господа и бизнисмени кои зборуваат за бизнис и разговараат за нивните заработени милиони. Поради ова денес важи за еден од најлуксузните пијалоци, а во светот има огромен број скапи виски чии шишиња се продаваат за неколку милиони долари.

Она што ги шокираше сите љубители на овој пијалоци е тоа што огромен број скапи виски всушност не се вистински и дека овие верзии се лажни и речиси безвредни.

Шкотски универзитет тестирал 55 различни луксузни виски, а резултатите биле шокантни. Дваесет и едно виски го поминале тестот како фалсификат, што значи дека речиси 50 отсто од вискито на пазарот е лажно. Ова дополнително значи дека 52 милиони американски долари годишно се трошат на фалсификувани пијалоци виски, што е огромен проблем.

Универзитетот во Шкотска соопшти дека главниот проблем е што луѓето не можат да разликуваат вистинско од лажно виски, а тоа води до масовно продавање на фалсификати и по неверојатни цени. „Некои фалсификати кои беа прегледани се продаваа по цена од 800.000 евра, што е шокантен податок“.

Затоа, внимавајте да не трошите премногу за скапо виски, бидејќи големи се шансите да потрошите многу пари на лажно.

Слични содржини