Пленковиќ: Нема хрватски војници во Украина, се извинувам за изјаватa на Милановиќ (ВИДЕО)

од Milan1
390 прегледи

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ ѝ се извини на Украина за изјавата на претседателот Зоран Милановиќ дека е една од најкорумпираните земји, а за изјавата дека ќе ги повлече хрватските војници од Украина вели дека е нереална затоа што во земјата не ни има хрватски трупи.

„Колку што знам, нема хрватски војници во Украина, контингентот на хрватската војска што се наоѓа во Полска штотуку се врати. Изјавите на Милановиќ се нереални. Неговата изјава за Украина како корумпирана земја е навредлива. На овој начин им се извинувам на Украинците и во име на хрватската Влада ѝ се извинувам на Украина, една од првите земји што ја призна државата Хрватска и која во моментов има окупирани делови, како што имаше Хрватска, нагласи Пленковиќ.

На новинарско прашање дали хрватските војници, членки на НАТО, ќе учествуваат во операција доколку дојде до конфликт, тој одговори со прашање: „Од каде се сите овие тези“.

– Политиката на Хрватска е деескалација на тензиите, спречување на можен конфликт, поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, рече тој.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера изјави дека Хрватска, како што рече, „нема да има ништо“ со тоа што НАТО го зголемува своето присуство во Источна Европа поради ситуацијата околу Украина.

– Доколку дојде до ескалација, ќе се повлечеме до последниот хрватски војник, истакна Милановиќ.

Слични содржини