Примерок од книга на Артур Конан Дојл позајмена од библиотеката во Хелсинки во 1939 година била вратена во мај годинава, со задоцнување од 84 години.
Финскиот превод на „Бегалците“ (The Refugees) бил примен во понеделникот во централната библиотека во Хелсинки.
„Датумот на враќање требаше да биде 26 декември 1939 година“, вели библиотекарката Хајни Странд, додавајќи дека никогаш нема враќање на книга со толкаво задоцнување.
Останува непозната врската меѓу лицето кое ја позајмило книгата и лицето кое ја вратило.
„Позајмиците кои се враќаат неколку децении по рокот на доспевање, обично се книги кои се откриваат кога луѓето поминуваат низ работите на починатите родители“, вели Странд, трогната од таквото однесување.
Веројатното објаснување за доцнењето е дека рокот за враќање на книгата паднал еден месец откако поранешниот Советскиот сојуз ја нападнал Финска во ноември 1939 година, така што враќањето на книгата не било првото нешто што му паднало на ум на позајмувачот.
Библиотекарка Странд вели дека библиотеката ќе ја стави вратената книга достапна за членовите, бидејќи е во добра состојба. „Квалитетот на старите книги често е подобар од новите“, посочува.