По барање на Русија: Советот за безбедност со седница за годишнината од бомбардирањето на НАТО врз Југославија

Според Полјански, барањето на Русија, очекувано, предизвикало гнев кај претставниците на западните земји, за кои темата е „крајно непријатна“.

од Бети Божиноска
302 прегледи

Седницата на Советот за безбедност на ОН, посветена на 25-годишнина од агресијата на НАТО врз Југославија, која ја побара Русија, ќе се одржи на 25 март, најави денеска заменик-постојаниот претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански.

„Следниот понеделник, на 25 март, побаравме да се состане Советот за безбедност на ОН по повод 25-годишнината од агресијата на НАТО врз Југославија“, напиша Полјански на „Телеграм“ и додаде дека Јапонија, која претседава со Советот за безбедност на ОН, ја закажа седницата за 25 март, во 15:00 часот по њујоршко време, односно во 20:00 часот по средноевропско време.

Според него, барањето на Русија, очекувано, предизвикало гнев кај претставниците на западните земји, за кои темата е „крајно непријатна“.

Полјански наведува дека постојаните претставници на западните земји во Советот за безбедност на ОН „секако дека би сакале да го остават во историјата најважното прашање за формирање на современиот систем на меѓународни политички односи и не само што не го паметат, туку и ги извртуваат објективните факти во врска со тоа на сите можни начини “.

„Тоа не е само некаква криза во низата други: токму агресијата на НАТО против Југославија и нелегалното отцепување на Косово од неа всушност го скрши меѓународниот систем што се засноваше на почитување на резултатите од Хелсиншкиот договор“, нагласи Полјански.

Тој објасни дека тогаш за прв пат во повоената историја на Европа насилно биле нарушени границите на една независна држава.

„Токму таа акција стана своевидна точка на пресметка во кризата на односите меѓу Русија, која не се помири со самоволието од тој вид, и Западот, кој го заштити тоа самоволие на секој начин“, нагласи Полјански.

Слични содржини