По Евертон и Нотингем, дојде ред на нова жртва: Сега Шефилд со -2

од Симе Стоиков
169 прегледи

По одземањето, па враќањето, па одземањето на бодовите на Евертон, па одземањето бодови на Нотингем, сега настрада уште еден „помал“ клуб.

Шефилд Јунајтед ќе добие казна од два бода на стартот од следната сезона во Чемпионшип. Англиската фудбалска асоцијација ги казни за одредени неподмирени обврски што ги имаше кон другите клубови во сезоната 2022/23.

Јунајтед практично немаат шанси да стигнат до сигурната зона, па следната сезона се враќаат во Чемпионшип, а таму натпреварувачката година ќе ја започнат со минус од два бода. Покрај бодовната негатива, Шефилд ќе настрада и финансиски, ќе треба да плати нешто повеќе од 300 илјади фунти.

Англиската фудбалска лига се огласи и го расветли новиот случај:

„Санкцијата се однесува на сезоната 2022/23, кога клубот доцнеше со голем број исплати кон други клубови. Одложеното одземање на поени ќе се активира доколку клубот не изврши било каква исплата на друг клуб според договор за трансфер или компензација повеќе од пет работни дена од датумот предвиден за плаќањето“.