По јавниот скандал сопругата на директорот на „Астрономер“ превзема драстични мерки – Таа потона од срамот на нејзиниот сопруг

од Весна Петровска
31 прегледи

Меган Кериган Бајрон, сопругата на сега веќе поранешниот извршен директор на „Астрономер“, Енди Бајрон, чија прељуба беше откриена на концертот на „Колдплеј“, се исели од нивниот заеднички дом.

Меган Кериган Бајрон, која е наставничка, наводно го напуштила нивниот дом вреден 1,4 милиони долари во Нортборо, Масачусетс, и сега се преселила на имот во Кенебанк, на 170 км од нивниот сегашен дом.

Според „Дејли меил“, поради јавното посрамување од страна на нејзиниот сопруг, таа се обидува да остане надвор од очите на јавноста, а неколку нејзини блиски членови на семејството, вклучувајќи ја и нејзината сестра, ѝ притрчаа на помош откако видеото стана вирално.

Откако скандалот стана јавен, ниту Бајрон ниту неговата сопруга, кои имаат два сина, не дадоа никакви јавни изјави, но индикацијата за тоа каде води ова дојде многу брзо по објавувањето на видеото, кога Кериган Бајрон го избриша презимето на својот сопруг од Фејсбук, а подоцна дури и го деактивираше профилот.

Слични содржини