327
Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во Москва во вторник на разговори со рускиот претседател за деескалација на тензиите на руско-украинската граница, но одби да направи ПЦР тест пред средбата.
Наместо рускиот тест, Шолц одлучил лекар од германската амбасада да направи ПЦР тест, што е предуслов за влез во Кремљ на средба со рускиот претседател Владимир Путин, велат извори од германската делегација. Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела исто така одби да се подложи на руски ПЦР тест пред средбата со Путин.
Затоа, разговорите на Макрон и Путин се одржаа на маса долга шест метри за да се одржи драстична физичка дистанца. На прес-конференција по средбата, Пути и Макрон застанаа неколку метри подалеку.