По осум часа откако влезе во Кривичниот суд, околу 21 часот првоосомничениот Горан Груевски  во акцијта “Тврдина ” го напушти комплексот судови.

суд ноке

Грујевски е осомничен дека дал наредба за уништување на опремата со која било извршено нелегалното прислушување во Петтата управа во МВР.  Уништувањето било аминувано од екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на начин што била формирана Комисија за попис и ништење, која  со умисла донела одлука дека два система за следење на комуникациите треба да бидат уништени бидејќи биле застарени и нефункционални.

ИНТЕГРАЛНО од СЈО : случај „ Тврдина“ !

Ова се сознанијата на Специјалното обвинителство, кое денеска ја објави акцијата “Тврдина”.

На распитот биле присутни и неговите адвокати како и соработници на Јанева.

Она што е извесно е дека сега, по сослушувањето судија на претходна постапка треба да реши дали ќе му одреди притвор на Грујевски.

Но, се поизвесен е и фактот дека судот најверојатно нема да одлучи за оваа мерка бидејќи денеска донесе одлука дека не треба да се врши претрес во неговиот дом, со образложение дека Специјалното обвинителство нема стварна надлежност за овој предмет.

Адвокатите на Горан Груевски велат дека сега се очекува Кривичниот суд да се произнесе по барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор, кое сепак не се откажува од оваа барање.

 

Слични содржини