По последните тешки руски напади врз Украина, НАТО свика итен состанок

од Milan1
121 прегледи

По барање на Киев, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг свика седница на Советот НАТО-Украина, која ќе се одржи утре, соопшти портпаролката на Алијансата, Фара Дахла.

– Средбата ќе се одржи на ниво на амбасадори, изјави Дахла. – Се очекува украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, преку видеоврска да ги информира сојузниците за ситуацијата на бојното поле и да ги наведе приоритетните потреби на украинската армија, додаде таа.

Советот НАТО-Украина беше основан минатата година за да обезбеди поблиска координација помеѓу Алијансата и Киев.

– Утрешната средба се свикува по последните тешки руски напади врз украинските цивили и инфраструктура. Сојузниците од НАТО пружија значителна поддршка за воздушната одбрана на Украина и се решени да продолжат да ја зајакнуваат, изјави Дахла.

Русија денеска нападна со ракети и дронови десетици украински региони, при што загинаа најмалку пет лица. Ден претходно, Москва го изврши најголемиот воздушен напад врз Украина од почетокот на војната.

Слични содржини