По расправија со сопругата, Австриец исчезна во Хрватска: Потрагата по него трае со денови

од Илинка Илиоска
104 прегледи

Жена од Штајр, Австрија, започнала потрага на Фејсбук со надеж дека ќе го најде партнерот кој исчезнал додека бил на одмор во Хрватска. Тие биле на заеднички одмор во Хрватска кога се скарале, по што мажот исчезнал.

Тоа се случило пред десет дена и оттогаш таа очајно го бара. Според австриските медиуми, мажот во моментот на исчезнувањето немал со себе ниту документи, ниту пари, туку само стар мобилен телефон, пренесува магазинот Феникс.

Брачниот пар од Штајр бил на одмор во областа Опатија. Тие се скарале на бензинска пумпа, по што сопругот кој боедно е и татко на неколку деца исчезнал и оттогаш не е виден.

Неговата сопруга во очај се обратила до различни групи на Фејсбук за да го најде. Контактирала и со хрватската полиција, но засега без никакви резултати, јавуваат австриските медиуми.

Инаку на моажот не му било првпат да побегне по конфликт. Но, според австриските медиуми, тој секогаш брзо се враќал по расправиите. Покрај тоа, тој немал документи, немал пари , а имал само расипан мобилен телефон.

На страницата Нестали.хр е наведено дека исчезнатиот Австриец Кристоф Кални исчезнал во Ловран, а во моментот на исчезнувањето заминал во непознат правец.

Личен опис:
Висина:
170

Број на стапала:

42
Коса:
сивa
Боја на очите:

сина боја
Лице:
овална
Развој:

средно

Лицето на торзото (брадавица) има обетка

Информации за исчезнувањето:

Датум на исчезнување:

19.7.2024.

Место на исчезнување:

Ловран

Околности на исчезнување:

На местото на исчезнувањето, лицето се оддалечило во непознат правец

Исчезнувањето го истражува ЈП Приморско-горанско.

Слични содржини