По западните тенкови, Украина сака Ф-16 – „Америка не е против тоа“

од Radmila Tasevska
145 прегледи

Се поголем број воени службеници во Пентагон тивко лобираат да одобрат испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина за да помогнат во одбраната од руски беспилотни летала и ракети, потврдија за Политико три извори запознаени со ситуацијата.

Американските F-16 се блиску до врвот на листата на желби на Украина од почетокот на руската инвазија. Сепак, и Вашингтон и Киев досега им даваа приоритет на артилерија, оклопни возила и системи за противвоздушна одбрана поради потребата да се заштити цивилната инфраструктура, но и да се започне со ослободување на територијата окупирана од руските сили.

Сепак, имајќи предвид дека Украина планира да започне нова офанзива напролет за ослободување на окупираните територии, кампањата за испраќање борбени авиони на Украинците се вжештува во Министерството за одбрана на САД, претставник на министерството и уште две лица вклучени во Пентагон разговорите ги потврдија за Политико. Сите извори инсистирале на анонимност за отворено да се зборува за дискусиите кои сè уште се водат внатре, пренесува Индекс.

Во Киев, охрабрени од релативно брзото одобрување за испраќање на системот за противвоздушна одбрана Патриот и повеќе од 100 западни тенкови, вклучително и 31 напреден американски тенк од типот Абрамс, се надеваат дека следните на списокот би можеле да бидат американски борбени авиони.

„Мислам дека не сме против тоа“, рече висок претставник на американското Министерство за одбрана за F-16, кој сакаше да остане анонимен. Сепак, функционерот нагласува дека конечната одлука не е донесена.

Слични содржини