Почина 17-годишникот кој се здоби со изгореници од струен удар

од Milan1
241 прегледи

Согласно информации од комплексот клиники „Мајка Тереза” за жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17 годишниот пациент, со изгореници и тешки телесни повреди.

Пациентот беше примен преку Ургентниот центар, во четвртокот попладне, а третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата на интензивна нега, а во комуникација со реномирани странски центри од соодветната област, земајќи ги во предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка здравствена состојба.

Слични содржини