Почина актерот кој го глумеше Тарзан

од Milan1
24 прегледи

Американскиот актер Рон Ели, најпознат по улогата на Тарзан во истоимената телевизиска серија од шеесеттите години, почина на 86-годишна возраст во својот дом во Лос Аламос, Санта Барбара, пишува Би-би-си. Серијата „Тарзан“ се емитуваше на телевизиската мрежа Ен-би-си од 1966 до 1968 година, а за тоа време актерот скршил неколку коски и, наводно, бил нападнат од животни додека изведувал акробации.

Откако се повлече од актерството во 2001 година, Ели се сврте кон пишување и објави два романи. Во 2014 година, тој накратко и се врати на глумата за телевизискиот филм „Бремената Амишка“, во кој играше старешина на Амишите

Ели, роден во Тексас, се оженил со својата средношколска љубов во 1959 година, но се развел две години подоцна. Тој беше познат и по тоа што беше домаќин на изборот за Мис Америка во раните осумдесетти, каде што ја запозна својата втора сопруга Валери. Двојката имаше три деца.

„Светот изгуби еден од најголемите луѓе што некогаш ги познавал а јас го изгубив татко ми“, напиша неговата ќерка Кирстен Казале Ели во објава на Инстаграм.

Слични содржини