Почина Чак Норис, легендарниот јунак од акциските филмови

од Весна Трајкова
19 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

Легендарниот мајстор на боречки вештини и неуништлив јунак од акциските филмови, како и ѕвезда на култната серија „Вокер, тексашки ренџер“, почина на 87-годишна возраст на Хаваи. Тажната вест ја потврди неговото семејство, откако актерот ден претходно беше хоспитализиран на Хаваи.

Холивудската икона, која за генерации гледачи беше синоним за боречка правда и непобедливост, почина во четвртокот на Хаваи на 87-годишна возраст. Чак Норис зад себе остави богато филмско и телевизиско наследство, а неговото семејство во емотивна изјава порача дека живеел со цел и со непоколеблива посветеност кон оние што ги сакал.

„Преку својата работа, дисциплина и добрина инспирираше милиони ширум светот и остави траен белег во многу животи. На неговите обожаватели им порачуваме – не му бевте само обожаватели, туку му бевте пријатели“, стои во соопштението на семејството Норис.