Почина фудбалскиот тренер на млади категории: Последен поздрав до Зоран Арсов

403 прегледи

Денес почина еден од најдобрите фудбалски тренери за млади категории, Зоран Арсов на своја 54. годишна возраст.

Арсов, инаку е поранешен фудбалер на Вардар, дел и од една најславните црвено-црните генерации, во својата тренерска кариера повеќе од успешно работеше со младите категории на Цементарница 55, Академија Пандев, Еуромилк ГЛ, Куманово…

Арсов, доби голем број битки на фудбалскиот терен, но, за жал, не ја издржа животната битка против коронавирусот, Ковид-19.

Слични содржини