Почина композиторот Барт Бакарак

од Radmila Tasevska
134 прегледи

Еден од најголемите кантавтори во историјата на популарната култура, Барт Бакарак, почина на 94-годишна возраст, пишува Гардијан.

Познатиот композитор влезе во историјата на музиката како автор на серија големи поп хитови кои ги создаваше од педесеттите до осумдесеттите години на минатиот век.

Најчесто соработувал со текстописецот Хал Дејвид на познати композиции.