Мајкл Мадсен, ѕвездата на филмовите „Reservoir Dogs“, „Kill Bill“ и „Donnie Brasco“, почина на 67-годишна возраст.
Во текот на својата кариера, Мадсен добивал признанија за неговите улоги на често енигматични и духовити жилави момци.
Актерот, најпознат по соработката со Квентин Тарантино, беше пронајден денес во несвест. Тој почина во својот дом во Малибу, според неговите претставници.
Нема сомнение за насилна смрт.
Менаџерот на Мадсен, Рон Смит, потврди дека неговиот клиент починал од срцев удар.
Мадсен ја започна својата кариера во Чикаго како дел од театарската компанија „Степенвулф“ пред да го направи своето деби на големото платно во научно-фантастичниот филм „WarGames“ „Воени игри“ од 1983 година.
Мадсен во го играше господин Блонд во „Касапски кучиња“, криминалистичкиот филм од 1992 во кој глумеа и Харви Кајтел, Тим Рот, Крис Пен, Стив Бушеми, Лоренс Тиерни, Едвард Банкер и режисерот Тарантино. Во една од најзапаметените сцени во филмот, неговиот лик му го сече увото на полицаец додека танцува на песната „Stuck in the Middle With You“ од „Стилерс вил“.
Мадсен продолжи да соработува со Тарантино и на филмовите „Убиј го Бил“, како и на „Омразените осуммина“ и „Беше еднаш… во Холивуд“. Неговата филмографија опфаќа повеќе од 300 филмови, меѓу кои ги „Дони Браско“, „Телма и Луиз“, „Град на гревот“, „Дорс“, „Видови“, „Малхоландски Водопади“, и „Беше еднаш во Мексико“.