Во Клубот на пратеници започна средбата помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

На маса е финалниот предлог од Франција за решавање на спорот меѓу Макеоднија и Бугарија како и започнување на пристапни преговори со Европската унија.

Вчера, премиерот Ковачевски имаше средба и со лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски. За ВМРО-ДПМНЕ, францускиот предлог е неприфатлив. Мицкоски по средбата изјави дека му предложил на Ковачевски две опции – да го одбие предлогот, а ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од барањето за предвремени парламентарни избори или доколку Ковачевски верува дека со предлогот е обезбеден идентитетот, тогаш да бидат избришани четири члена.

Слични содржини