Состанокот на делегациите на Русија и Украина во Белорусија би можел да започне во понеделник наутро, бидејќи претставниците на Киев одлучија да отпатуваат за Белорусија преку Полска, изјави за РИА Новости белорускиот политиколог Јуриј Воскресенски, близок до организаторите на преговорите.
– Преговорите ќе се водат во понеделник наутро, бидејќи, стравувајќи за своите животи, членовите на украинската делегација не отидоа директно преку Гомел, туку ќе одат преку Полска, односно граничниот премин „Варшавски мост“ кај Брест. Тие се движат по заобиколен пат, вели Воскресенски.
Тој додаде дека украинската делегација ја сочинуваат четири или пет лица, меѓу кои и заменик-шефот на украинската дипломатија, претставници на воената и политичката сфера, како и лидерот на партијата „Слуга на народот“, Давид Арахами.
Претходно, шефот на руската делегација, помошник на претседателот Владимир Медински, изјави дека страните се договориле да се сретнат во регионот Гомел во Белорусија на границата со Украина.
На ова му претходеше телефонски разговор меѓу Александар Лукашенко и Владимир Зеленски. Руската делегација вчера пристигна во Гомел. Покрај Медински, во неа се и замениците министри за одбрана и надворешни работи Александар Фомин и Андреј Руденко, амбасадорот во Белорусија Борис Гризлов и шефот на Меѓународниот комитет на Државната дума, Леонид Слуцки.