Секој четврти германски државјанин на возраст од 18 до 24 години живее под закана од сиромаштија, покажува новото истражување на Католичкото здружение на млади за социјална работа БАГ КЈС, пренесува Германската новинска агенција (dpa).
Границата на сиромаштијата е 60 отсто од просечната плата, која во 2023 година изнесувала 1.310 евра месечно по одбивањето на даноците и таксите. 12 милиони луѓе во Германија мораа да преживеат со помалку од тоа.
„БАГ КСЈ“ посочува дека живеењето во сиромаштија предизвикува различни стравови кај децата и младите.
Така, 54 отсто од младите стравуваат од зголемување на киријата, а две третини од студентите сметаат дека се преоптоварени со трошоците за домување бидејќи за нив треба да одвојат најмалку две петтини од приходите.
Една четвртина од сите во засолништата за бездомници во Германија биле помлади од 25 години.
„BAG KJS“ ги анализира податоците за студијата од различни извори, вклучително и официјална статистика.