Две подморници на руската Пацифичка флота изведоа вежба за напад со торпедо против лажна непријателска подморница во Јапонското Море, соопшти денес прес-службата на флотата.
Вежбата се одржа во согласност со планот за борбена обука на флотата, пренесува Интерфакс.
На 14 април, Русија започна ненадејна проверка на Пацифичката флота, која беше ставена на највисоко ниво на подготвеност.