Поднесени кривични против три лица, граделе без да имаат дозволи

од Milan1
48 прегледи

Полицијата поднесе кривични пријави против тројца жители на Охрид и струшкото село Радолишта, кои граделе без да имаат дозволи.

Во првиот случај, кривична пријава доби М.А. (58) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катастарска парцела во Охрид, тој неовластено и без соодветно одобрение за градба, издадено од надлежен државен орган, изградил монтажен објект, што било констатирано при инспекциски надзор од овластени лица од Одделението за инспекциски надзор во општина Охрид.

Во вториот, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.А.(41) и Л.А.(36), двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На локација во Струга, без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, пријавените започнале со градба на објект за домување со деловни простории. Од извршениот инспекциски надзор извршен од градежна инспекција при општина Струга, донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да прекине со градењето на објектот и во даден рок да се изврши усогласување на градбата со Законот за градење.

Слични содржини