Погледнете ја првата фотографија од Лејди Гага и Хоакин Феникс во новиот „Џокер“

од Radmila Tasevska
223 прегледи

Режисерот Тод Филипс ја објави првата фотографија на Лејди Гага како Харли Квин во филмот „Joker: Folie à deux“.

„Среќен ден на вљубените“, напиша Филипс на фотографијата од Гага и Хоакин Феникс, кои ќе ја репризираат главната улога. Истата фотографија на Инстаграм профилот на Гага веќе има речиси два милиони лајкови, само седум часа откако беше објавена.

Премиерата на филмот „Joker: Folie à deux“ е закажана за 4 октомври 2024 година. Покрај Лејди Гага и Феникс, во екипата на филмот се и Кетрин Кинер и Брендан Глисон, кој неодамна привлече големо внимание со улогата во филмот „The Banshees of Inisherin“ покрај Колин Фарел.

Австралиската актерка Маргот Роби, која пред Гага ја глумеше Харли Квин, на добитничката на Греми и Оскар и девојката од гума и испрати среќа во новата улога.

Слични содржини