Погледнете го ова: Најавата на Путин предизвика еуфорија во салата, а потоа камерата застана на Лавров (ВИДЕО)

од Radmila Tasevska
192 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин во своето вчерашно обраќање пред парламентот рече дека ќе ја продолжи војната во Украина и ја обвини НАТО алијансата предводена од САД дека го поттикнува конфликтот со погрешно верување дека може да ја победи Москва во глобална војна, а исто така најави дека го прекинуваше своето учество во Нов СТАРТ.

„Во таа насока, принуден сум денес да објавам дека Русија го суспендира своето учество во Договорот за стратешко офанзивно оружје“, рече Путин.

Во тој момент во големата сала избувна голем аплауз, некои дури и станаа, а камерите случајно го фатија шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. За разлика од другите „јастреби“, неговото лице не откриваше преголем ентузијазам.

Слични содржини