Пејачот Масимо Савиќ денес беше погребан во Задар.
Познатиот музичар во вечното почивалиште го придружуваа ќерката Мирна и сопругата Ени, кои беа уништени од болката од заминувањето на нивниот татко и сопруг.
Мирна присуствуваше на погребот во придружба на нејзиниот вереник Игор Павловиќ, за кого требаше да се омажи на крајот на декември, но се одложи поради смртта на нејзиниот татко. Меѓу првите кои дојдоа на гробиштата во Задар беа колегите Гулијано, Џибони и семејството Хуљиќ, со кои Масимо се дружел и соработувал.
На последното збогување на музичарот се свиреше Моцартовиот Реквием.
Комеморацијата се одржа на 30 декември во Хрватскиот народен театар во Загреб, каде од музичарот се простија многу пријатели, колеги и соработници.
Масимо Савиќ почина на 23 декември по кратка битка со ракот на белите дробови, а веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја споделија неговата сопруга Ени и ќерката Мирна.
„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напушти по кратка, но херојска борба. Иако замина од овој свет, вечно ќе живее во нашите души: насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ние ќе бидеме твоите девојки засекогаш. Ани и Мирна“, напишаа во соопштението.
Желбата на Масимо била да биде кремиран, пишуваат хрватските медиуми.