Покрај црква во Порече пронајдени човечки коски

од Milan1
88 прегледи

„На 25.03.2025 во 11.17 часот во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 16:00 часот на 24.03.2025 до 10:00 часот на 25.03.2025 година, покрај црквата „Св.Ѓорѓија“ во атар на с.Слатина, општина Македонски Брод, бил извршен ископ при што биле извадени четири камени плочи и остатоци од коски кои најверојатно се од човечко потекло.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Македонски Брод, запознаен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Слични содржини