Полански на суд во Франција под обвинение за клевета

САД го бараат Полански за силување на 13-годишно девојче во 1977 година и за неколку други обвиненија

од Бети Божиноска
173 прегледи

Ветеранскиот француско-полски режисер и сценарист Роман Полански (90) денеска треба да се најде на суд во Франција поради обвинувањата дека ја наклеветил британската актерка Шарлот Луис (56) која го обвини за сексуално малтретирање во ’80-те години на минатиот век, пренсува „Франс24“.

САД го бараат Полански за силување на 13-годишно девојче во 1977 година и за неколку други обвиненија за наводен сексуален напад кои датираат со децении наназад и веќе се застарени дела кои славниот режисер ги негираше.

Според адвокатите на Полански, кој нема да се појави во судот.

Во 2010 година Луис го обвини Полански дека ја нападнал сексуално „на најлош можен начин“ кога имала 16 години во 1983 година во Париз каде што таа била на кастинг. Луис се појави во филмот „Пирати“ што Полански го реираше во 1983 година.

Во интервју за магазинот „Пари меч“ во 2019 година, Полански ги нарече обвинувањата на Луис „гнасна лага“. Според францускиот магазин, реисерот им покажал статија од британскиот таблоид „Њуз оф д њорлд“ од 1999 година во која Луис изјавила „Бев фасцинирана од него и сакав да му бидам љубовница.“

Луис тврди дека изјавата што ѝ ја припишуваат во статијата не е точна и поднесе туба за клевета, а според францускиот закон, Полански беш автоматски обвинет.

„Полански има право да се брани себеси јавно исто како и жената која го обвинува,“ истакна адвокатката на Полански, Делфин Мелие.

Неговиот адвокатски тим го повикал како сведок Стјуарт Вајт, авторот на статијата од 1999 година в која тој наводно опишал патот на Стјуарт „од курва до Холивуд“.