Полицаец при преглед на автоматска пушка испукал куршум во таванот

од Milan1
26 прегледи

– Вчера во 12.30 часот во просторијата за технички преглед во СВР Велес, полициски службеник од Полициската станица Велес, при технички преглед на лично и формациско оружје, од автоматска пушка испукал еден куршум во таванот на просторијата, во која биле уште двајца полициски службеници, информираат од МВР.

Полицијата соопшти дека нема повредени лица, а за настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Слични содржини