Полицаец штител дрвокрадци, им праќал пораки за да ги извести кога ќе има контроли од негови колеги

од Milan1
31 прегледи

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.П.(51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во текот на јули 2023 година, пријавениот, во својство на полициски службеник во СВР Тетово, на три лица кои вршеле транспорт на огревни дрва во товарни моторни возила им праќал пораки на мобилните телефони со содржина дека ќе има контроли од негови колеги на автопатот од Кичево кон Скопје и на тој начин го извршил делото“, информираат од МВР.

Слични содржини