Полицијата врши претреси во Судскиот совет

од Milan1
27 прегледи

Полициски службеници се влезени Судскиот совет и врши претреси. Според првичните информации, во моментов се вршат проверки, наводно поврзани со постапување на членови на советот за одредени случаи.

„Во рамките на Судскиот совет работат полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје. Поточно, се обезбедуваат две записи за проверка на потенцијални елементи на кривично дело“, велат од МВР, за акцијата.

Акцијата ја потврдуваат и од Јавното обвинителство.

Неофицијално, случајот можеби е поврзан со Артан Груби и судијата Енвер Беџети кој пред само неколку дена завршија на американската црна листа.

Дел од оние кои се членови на Судски совет се истите тие кои изгласа апелацискиот судија Енвер Беџети да не биде разрешен поради чување во фиока на предметот „Таргет-тврдина“, односно Беџети помина само со казна, намалена плата.

Слични содржини