Полициски рации во повеќе скопски клубови, приведени неколку лица

од Milan1
35 прегледи

Викендов полицијата изврши рации во повеќе скопски локали, барајќи престапи како точење алкохол на малолетници и недозволено присуство на малолетници.

„На 31.01.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и од СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје во врска со точење алкохол на малолетни лица и други кривични дела. Притоа, во еден од објектите биле затекнати тројца малолетници кои консумираат алкохол, а било извршено легитимирање на 10 лица. Од друг објект приведени се 12 лица за утврдување идентитет. Додека, во трет угостителски објект од слобода биле лишени 21 лице кои биле затекнати во објектот“. Биле земени и примероци од алкохолните пијалоци кои ги консумирале малолетниците. По завршување на вештачењето, ќе бидат поднесени соодветни пријави, додека од Државниот пазарен инспекторат ќе им бидат изречени парични казни и управна мерка затворање на објектите на 30 дена“, соопштуваат од МВР.

Слични содржини