„Политико“: На Украина очајно ѝ недостигаат војници

Според некои извештаи, повеќе од 650.000 военоспособни украински мажи ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на земјата.

од Бети Божиноска
183 прегледи

На Украина очано ѝ недостигаат не само муниција, особено артилериски гранати и ракети за противвоздушна одбрана, туку и војници. Просечната возраст на воените лица на фронтот е 43 години, а се побројни се случаите на избегнување на воената служба, пишува „Политикио“.

Според некои извештаи, повеќе од 650.000 военоспособни украински мажи ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на земјата. Минатата година Киев осуди околу 1.300 мажи кои ја избегнувале регрутацијата, но украинските власти признаваат дека тоа е само мал дел од Украинците што ја избегнуваат регрутацијата.

„Напливот од патриотски жар“ видлив во земјата на почетокот на конфликтот спласна како што се зголемуваше бројот на загинати и ранети. Песимизмот во однос на иднината исто така расте: се повеќе луѓе се прашуваат дали е Украина способна да ја победи армијата на Москва.

Истовремено, Киев продолжува да го одложува усвојувањето на Законот за мобилизација, кој ќе му овозможи да ја зголеми бројноста на војската за 400.000 луѓе.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски признава дека темата е „чувствителна“. Дури и во првите недели по руската инвазија на земјата во февруари 2022 година, тој им одолеа на повиците од опозициските пратеници во Киев да прогласи општа мобилизација.

Властите стравуваат дека длабоко непопуларната мерка би имала далекусежни последици.

„Искрено кажано, мобилизацијата е врел политички компир и никој не сака да ја спроведе,“ објаснува пратеникот во Радата, Николај Књажицки, за „Политико“, објаснувајќи дека честите извештаи од фронтот за недостиг од вооружување само ја влошуваат ситуацијата.

 

Слични содржини