206
Вчера, во 13.00, кај место викано „Алтанин мост” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Б.(29) од Охрид. При контрола на патничко возило, во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 14 фолии со семки од растението канабис.
По целосно документирање на случајот против него СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од МВР.