Половните автомобили се најскапите во историјата! Што е следно?

од Radmila Tasevska
486 прегледи

Според онлајн трговецот и брокер AutoScout24, користени автомобили во ноември се продавале во просек за 24.772 евра. Тоа е за речиси 12 отсто повеќе од пред една година и највисоко од изготвувањето на статистиката.

Побарувачката за половни автомобили е многу поголема од понудата.

Како што објави AutoScout24, ситуацијата на пазарот полека се подобрува, иако цените сè уште растат. Доколку продолжи нагорниот тренд, просечната цена на половните автомобили на крајот на годината ќе надмине 25.000 евра на европскиот пазар. Првите информации од Австрија и Германија велат дека оваа граница е веќе пробиена, пренесува ХАК ревија.

 

Слични содржини