Полска го поставува американскиот „Егис ашор“ за одбрана од руски ракети

од Milan1
21 прегледи

Во Полска е најавено дека во наредните недели во градот Реџиков ќе биде поставен и оспособен за дејствување американскиот одбранбен ракетен систем „Егис ашор“.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изрази надеж дека ова оружје ќе може да одбие руски ракети. Од „Дифенс експрес“ наведуваат дека станува збор „за некаква долгорочна изградба (на капацитет)“, што отвора многу прашања.

Карактеристиките на системот „Егис ашор“ со ракетите „СМ-3“ како главно оружје се тежина од 1,5 тона должина на трупот 6,55 метри домет и висина на уништување за основната верзија „Блок ИА/ИБ“ од 900 до 1.200 километри а цената на една ракета се движи од 11 до 25 милиони долари според воените експерти.

Слични содржини