204
Полска оваа година планира да започне со изградба на ѕид на границата со Белорусија, најави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.
Тој додаде дека на четири делови од ѕидот ќе се работи деноноќно.
Полска веќе подигна привремена ограда долж границата за да ги спречи мигрантите илегално да влезат во земјата. Оградата е направена од бодликава жица и е висока околу 2,5 метри. Планирано е да се замени со постојана бариера висока 5,5 метри, опремена со камери и детектори за движење.
За проектот е планиран буџет од 366 милиони евра. Полската граница со Белорусија долга е 418 километри.