Полските обвинители ги шпионирале политичките противници

За сервисирање на шпионскиот софтвер, Обвинителството наводно најмило двајца поранешни вработени на полската Агенција за внатрешна безбедност

од Бети Божиноска
429 прегледи

Полската Канцеларија на националниот обвинител ја користела шпионската опрема „Хермес“ за да ги шпионира политичките противници под претходната влада, известува „Виборца“.

Според статијата во полскиот медиум, пролетта 2021 година полското јавно обвинителство го купило шпионскиот систем за надгледување за повеќе од 3,5 милиони долари и го користело за незаконски да ги набљудува политичарите, официјалните лица, судиите и обвинителите ко наводно не ѝ биле лојални на владата предводена од конзервативната „Право и правда“ на Јарослав Качински, која владееше со земхара од 2015-2023 година.

Во статијата се тврди дека актуелното раководство во Канцеларијата на обвинителот сосем случајно дознала за коистењето на шпионската опрема откако добила сметка за периодична претплата на системот „Хермес“.

За сервисирање на шпионскиот софтвер, Обвинителството наводно најмило двајца поранешни вработени на полската Агенција за внатрешна безбедност, кои биле плаќани по 1.000 злоти (250 долари) на час.

Софтверот „Хермес“, според „Виборца“, е дури и понапреден технолошки од израелскиот „Пегаз“, за чија употреба претходно беа обвинети полските власти. Софтверот моѓе тајно да биде инсталиран на мобилни телефони и на други уреди.

Претходно месецов, полскиот премиер Доналд Туск обелодени масовно користење на „Пегаз“ и посочи дека поседува докуметација која докаува оти властите го користеле системот за таргетирање „многу долга листа“ политички противници.

Скандалот што локалните медиуми го нарекоа „полски Вотергејт“ ја вклучува и владата на премиерот Матеуш Моравјецки која наводно ги шпионирала Криштоф Брејза, член на партијата Граѓанска платформа, Роман Гиертич, адвокат вклучен во случаите против партијата Право и правда, како и Ева Врзосек, обвинителка и опозиционер.

Качински во 2022 година призна дека Полска го купила шпионскиот софтвер, но негираше дека тој е користен за таргетирање политичари.

Слични содржини