Неколку луѓе биле повредени во нападот денеска во Осло. Како што јавуваат странските медиуми, маж со нож избодел неколку луѓе на улиците на норвешкиот главен град. Полицијата го застрелала.
Според снимките кои се објавуваат на социјалните мрежи, напаѓачот бил полугол, а се гледа како полициски автомобил удира во него за да му го пресече патот. Тој потоа тргнал кон возилото и го нападнал полицаецот кој седел внатре.
Полицијата порачала дека има “повеќе од една” жртва, но не сакале да даваат повеќе информации.
Портпаролот на полицијата, Торгеир Брендер рекол дека напаѓачот ги нападнал и полицајците. Испукани биле неколку куршуми. Напаѓачот бил одведен во болница, но им подлегнал на повредите.
Полицијата порачала дека има „повеќе од една“ жртва, но не сакале да даваат повеќе информации.